Владата ќе гради поевтини станови за граѓаните

Bez autora
Dec 02 2012

Владата преку АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе гради станови со 15 до 20 проценти пониска цена од пазарната, со цел да повлијае на намалувањето на цената на квадратот и да овозможи граѓаните да можат да купат поевтини станови. Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, станува збор за 1.724 станови што ќе се изградат во 30 згради на територијата на цела држава, почнувајќи во оваа, а завршувајќи во 2015 година. Во фаза на изградба се 527 станови во девет комерцијални згради, од кои сите се во Скопје, еден во центар кај Радиобран, и осум лоцирани во општината Аеродром. Од овие станови, 152 станови лоцирани во населбата Лисиче-Комплекс источна индустриска зона, уште во текот на идниот месец ќе им бидат предадени на лицата кои ги имаат купено.

Владата ќе гради поевтини станови за граѓанитеВладата преку АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор ќе гради станови со 15 до 20 проценти пониска цена од пазарната, со цел да повлијае на намалувањето на цената на квадратот и да овозможи граѓаните да можат да купат поевтини станови.

Според владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, станува збор за 1.724 станови што ќе се изградат во 30 згради на територијата на цела држава, почнувајќи во оваа, а завршувајќи во 2015 година.

- Во фаза на изградба се 527 станови во девет комерцијални згради, од кои сите се во Скопје, еден во центар кај Радиобран, и осум лоцирани во општината Аеродром. Од овие станови, 152 станови лоцирани во населбата Лисиче-Комплекс источна индустриска зона, уште во текот на идниот месец ќе им бидат предадени на лицата кои ги имаат купено. Останатите згради имаат во просек по 50 станови по зграда. Овие станови треба да бидат изградени и предадени на сопствениците во 2013 година. За дел од овие станови во текот на идната недела ќе следува постапка за лицитација - истакна Ѓорѓиев.

Во 2013 година е планирано да се започне со изградба на нови 10 згради со вкупно 508 комерцијални станови. Од нив, седум згради се лоцирани во општината Аеродром, две во Центар и една во Карпош. Со помош на јавно приватно партнерство идната година е предвидено да се отпочне со изградба на дополнителни четири згради, со околу 150 станови, во општините Тетово, Кочани, Гостивар и Штип. Во 2014 година е предвидено да се отпочне со градба на нови и дополнителни осум згради со вкупно 559 станови во Скопје, и општините Битола и Охрид.

- Изградбата на сите овие предвидени 1.724 стана во вкупен обем изнесува 4.984.205.000 денари, или околу 80 милиони евра, од кои за становите во изградба се наменети 23 милиони евра, за зградите кои ќе отпочнат со градба во 2013 година се 33 милиони евра, и за оние во 2014 година - 24 милиони евра - вели Ѓорѓиев.

Десет проценти овие комерцијални станови, ќе бидат наменети за децата без родители кои потекнуваат од домовите за деца без родителска грижа.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik